エピソード

  • Двојка и за Македонците и за Албанците
    2024/10/03

    И по четири предупредувања од ПИСА тестовите, може ли од лошо полошо да ни стане образованието? Ако образованието и здравството ни се столб на државата, тогаш системот одвај може да добие двојка. УНИЦЕФ неодамна алармираше на постоење на образовна криза. Имаме функционално неписмени ученици според кои читаат а не разбираат. Зборуваме и за партизиран образовен систем и паралелен систем на образование по етничка основа.

    Реформи по реформи без резултати, а секој нов министер доаѓа со амбиција за целосна промена на образовниот систем, кој според наставниците не ни постои. За ова зборуваме во подкастот „Да биде појасно“ со Столе Наумов и Лорик Идризи со перцепцијата на двете најголеми заедници во државата и мислењата на министерката Весна Јаневска и наставниците Кокан Радев и Сатки Исмаили.

    続きを読む 一部表示
    1 時間 8 分